-Ова се документи доставени до нас кои што покажуваат како извршителот Христијан Мицкоски распинички, криминално, крајно неодговорно се однесувал со парите на граѓаните додека бил директор на АД ЕСМ тогашен ЕЛЕМ.
Еве како почитувани граѓани Христијан Мицкоски, најлошиот директор на ЕЛЕМ на сите времиња кој што во свое време ја поскапе цената на струјата за 100% народните пари ги давал на лица блиски до него и ВМРО-ДПМНЕ, рече денес на прес-конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
Ова е почитувани граѓани причината зошто Христијан Мицкоски на вчерашниот ТВ дуел беше нервозен, се потеше и не смееше да одговори за овие документи но секако не даде одговор ниту за криминалите на Никола Груевски.