Рано утрово околу пет часот, четири вооружени и маскирани лица со автоматски пушки влегле во казиното Вегас лоцирано на патот од Скопје кон грараничен премин Блаце, во кое сеуште имало гости. Прв кој им се нашол на патот на ограбувачите бил 22 годишниот В. Х. државјанин на Косово кој во мешаницата, бил убиен со огнено оружје на лице место. Откако напаѓачите ги земале парите од казиното, човек од обезбедувањето, 20 годишен жител на Крушопек, се обидел да му ја тргне маската на еден од напаѓачите при што бил удрен со кундакот од пушката и убиен.

Момчето кое е убено со кундакот од пушката е млад и успешен борач Бунјамин Нуиши, кој беше член на боречкиот клуб Тефејуз.

Нуиши за последен пат настапи на Светскиот куп во борење во шалвари Дунја купот во градот Кахраманмараш во Турција, каде што триумфираше во првата борба против борец од Белорусија, по што загуби од светскиот шампион од Азербејџан.