Благодарение на несебичната помош на Select Caffe и Etno Gostilnica Vodenica Tri, GDR Company и вработените, Goranco Jakimovski Phenix Fenetres France, Дени Јовановски и МАК БАУ, Даниел Ѓорѓиевски и Select One Inc, Крива Паланка вчера блесна во Новогодишен сјај.
Palanka6-Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот,за нови насмевки, радост и незаборавни моменти во пресрет на највеселите празнични денови што претстојат.
Детски радосни лица, исполнети со среќа срца и мигови за паметење – за тоа сме тука, и ние во општината, но и нашинците на кои при срце им е татковината, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Palanka3„Нека сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка.
Сегогаш работиме со срце за Крива Паланка“, нагласи Митовски.
Palanka1Palanka2Palanka5