Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Наумче Мојсоски го прифати предизвикот од Борко Ристовски и денес на социјалните мрежи сподели:
Предизвикот на Борко Ристовски не само што е прифатен туку е надграден.
Не само што купувам македонски произвоиди туку и донирам кон оние на кои им е најпотребно, особено во време на криза. Доброто со добро се враќа. Борко, донирав јас, донирај и ти.
Патем, приклучи се на иницијативата #Спортистипротивкоронавирус заедно да ја победиме оваа утакмица, утакмица за здравјето на сите наши граѓани. Топката е фрлена.
ПС: Ристовски, моето презиме како и сечие, се пишува со голема буква
Извор: Спортклуб.мк