Нема крај на конструираните случаи и измислици на очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
“Во опозициската партија секојдневно покажуваат дека немаат програма, немаат идеја и не нудат ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот.
Повторно на говорницата за ширење лаги излезе адвокатката Ружица Николовска, запаметена во јавноста како бранител на обвинетите за 27 април, како бранител на режимската влада предводена од Груевски и обвинува за доделување лиценци за производство на медицински канабис.
Законот за опојни дроги за кој ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува беше донесен токму за време на нивното владеење, а за него гласале и Милошоски и Стевананџија и Ѓорчев, гласните пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту една измислица, ниту еден конструиран случај нема да го покрие стравот во ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз на изборите.
На 12 април граѓаните ќе ги поразат политиките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе” соопштуваат од СДСМ!
Тие објавија и фотографии од гласањето на законот за опојни дроги во 2016 и како пратениците на тогашната власт се изјасниле по гласањето: