По највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, претседателот и кандидат за пратеник Петар Ристески и актуелната пратеничка и кандидатка за нов мандат, Ана Лашкоска кои ги прекршија законите за заштита од коронавирусот и го загрозија здравјето на граѓаните, уште неколку претставници од опозициската партија го сторија истото.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес Игор Здравковски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово Бошко Цветковски и поранешниот градоначалник на Лозово Орце Цветковски од истата партија на вчерашната селска слава за Спасовден фотографирани без заштитни маски и ракавици и се разбира без одржување на физичка дистанца.