Охрид, центарот на туризмот, конечно дочека од некаде да се започне со воведувањето ред по прашањето на дивоградбите кои со децении го окупираа крајбрежјето, но и градското подрачје.

Општина Охрид веќе 3 дена отстранува урбана опрема и остатоци од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.

Се рушат дивоградбите на потегот од Горица 3 до Свети Стефан. Се работи за отстранување на урбана опрема и градби кои се се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на рушењето на дивоградбите на овој потег од крајбрежјето ќе се пристапи кон отстранување на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се ндвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП1/1 Охридско Езеро.

Според општината, објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион.