Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, на својот Фејсбук профил објави фотографии од фасадата на ООУ Кирил и Методиј која по само три години од поставување започнала да се распаѓа.
“За само три години од поставувањето на фасадата на ООУ Кирил и Методиј во Свети Николе истата почна да се распаѓа.
Уште еден доказ за тоа како во време на дпмне се трошеја народни пари во случајот 2.852.000 денари ,без да се има предвид квалитетот на изработка” – напиша Велковски.
ФБ статус на Сашо Велковски