Водителката Милена исто така се прости од својот колега Драган Вучиќ кој почина од комликации од корона вирус постирајќи заедничка фоторафија.

„Се сретнавме случајно пред неполн месец, двајцата со заштитни маски пред една аптека. Не можевме да се поздравиме и гушнеме заради ситуацијата, но си рековме дека ќе се слушнеме и ќе се видиме кога ќе заврши короната. Денеска со огромна болка во душата пробувам да ја прифатам информацијата дека повеќе те нема. Во мислите сум со твојата сопруга и твојот син и им ја пуштам цела сила да го пребродат ова. Кој што сака нека каже, ти Драган Вучиќ за мене беше и ќе останеш прекрасен пријател и највеликодушен човек на цел свет. Секогаш ќе се сеќавам на многубројните дружења од кои за жал немам многу фотографии, но имам спомени за цел живот. Ти си легенда на македонскиот телевизиски етер. И не е случајно што заминуваш на ист ден со Гоце Делчев, Васка Илиева, Тито… Пoчивaj во мир драг пријателе“, напиша таа на социјалните мрежи.