Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје Стефан Андоновски вчера беше фотографиран како со поранешниот пратеник Илија Димовски и останати луѓе од ПР тимот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се договараат да ги „зезнат” 1300 вработени во ЈСП, да не земат плата и да ги остават скопјани да мрзнат по улиците без јавен превоз.

На овој начин, личниот хир на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со градоначалничката на Град Скопје, која беше поддржана токму од неговата партија, Данела Арсовска, продолжува со создавање хаос и „зезнување“ на 1300 вработени во ЈСП.

Град Скопје вчера остана без јавен градски превоз, откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот блокираа изгласување на субвенции за ЈСП, со цел да се исплатат платите на вработените.