Празнична Крива Паланка! Денеска во градот масовно се славеше големиот христијански празник Богојавление – Водици!
Весела атмосфера, богата “Богојавленска софра” – изобилство македонски традиционални специјалитети и хумана мисија.
– Честитки за среќникот кој го извлече крстот од осветените води на Крива Река, Наум Поцев, многу здравје и среќа годинава.
За многу години нека се празнувањата! Бог се јави! – порача во честитката градоначалникот Сашко Митовски.
– Празнична Богојавленска софра како дел од масовната прослава во чест на големиот христијански празник Водици во Крива Паланка. Богојавленска софра е од натпреварувачки карактер, на која граѓани од ширум државава се натпреваруваат за најубава, највкусна и најдобро аранжирана “Богојавленска трпеза”, најавтентични садови и најубави македонски ракотворби. Сите присутни имаат можност да дегустираат од прекрасните традиционални специјалитети и да дадат свој хуманитарен придонес наменет за најранливите категории на граѓани.
За овие убави празнични денови вака ја личи мојата Крива Паланка, заедно собрани, со песна и убава храна да го славиме животот, порача министерот Љупчо Николовски.