Крива Паланка блесна – раскошно накитена и украсена – сјае во празничен декор од илјадници светилки и ја носи празничната магија во срцата на паланчани.
– Никој не остана рамнодушен на блескавата предновогодишна атмосфера за која веќе се шири и раскажува насекаде. За вас, мои сограѓани, радувајте се во пресрет на празнувањата и поканете ги сите што повторно со нетрпение очекуваат да го посетат најубаво украсениот град во државата – “Градот на културата за 2024”, сподели првиот човек на општината Сашко Митовски кој објави и фотогалерија од празничниот амбиент во градот.