Македонската престолнина – Скопје денеска го доби најголемиот трговски центар во земјава „Ист Гејт Мол“.

Денеска свечено беше пресечена лентата со што скопјани ја добија новата шопинг дестинација која се очекува да прима посетители, не само од Скопје, туку и од целата земја и регионот.

Трговскиот центар претставува уникатно архитектонско здание од последната генерација трговски центри, којшто ќе го мапира Скопје како регионална шопинг дестинација, и воедно ќе биде атракција за посетителите на главниот град, велат организаторите.

Трговскиот центар чија бруто изградена површина изнесува 160.000 m2 беше изграден во рекорден рок од 26 месеци во услови на глобална пандемија.

„Ист Гејт Мол“ е дел од повеќенаменскиот проект „Скопје Ист Гејт“ и претставува инвестиција на Балфин Групација (Balfin Group). „Ист Гејт Мол“, новото срце на градот, официјално ќе биде отворен за посетителите на 29 октомври од 10:00 часот.

Атмосферата од првиот ден од работата на „Ист Гејт Мол“ ви ја пренесуваме преку следнава фотогалерија:

4455332211291675377