По денешната средба помеѓу Заев и Гаши, претседателот на Алтернатива изјави дека сакале да го видат концептот на Заев, и кои би биле следните чекори во евроинтеграцијата. Кажа и дека внатре во партијата ќе разговараат што понатаму. Ќе водат сметка за интересот на граѓаните, државата, Албанците, и за партијата.

„Јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за граѓаните, државата, за нас“, изјави Гаши.

Тие сакаат да видат каде ќе биде Алтернатива во мнозинството, која ќе биде улогата, дали ќе можат да помогнат во евроинтеграциите.

Заев после средбата прв даде изјава пред медиумите.

-Разговаравме за многу важни работи, за кои требаше да се вратиме наназад . Можното идно коалицирање ќе биде врз основа на програмски принципи, што е позитивно, рече Заев.

Заев вели дека одлуките се носат на органи и тела на партијата.

-Се отворија неколку проблематики, затоа останува за време на викендот, да размислиме. Одлуката не ја донесовмe денеска. СДСМ се подготвени за решенијата, што ќе бидат договорени. Ќе продолжат разговорите следната седмица, рече Заев.