-Хуманиот урбанизам е најважен за нас и нема да дозволиме ниту еден метар државно земјиште да се бетонизира, а со новиот ДУП во 2022 , ќе се грижиме целосно да има повеќе зелени површини за жителите, а да не се заборави дека ги ревидираме штетните дупови од минатото на ВМРО-ДПМНЕ, рече Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар во гостувањето на тв24.

-Во делот на Холидеј ин имаме 40 проценти државно земјиште и ќе го оставиме како зелен појас или училиште, градинка, ние како општина ќе направиме целосна анализа на тоа, и што понатаму со објектите, ќе бидиме и ЈО што ќе каже како и граѓаните, така што сега понатаму ќе гледаме да бидат и граѓаните задоволни, појасни тој и околу изградбата на зградите кај Холидеј ин.

Герасимовски најави отворена општина за сите, во првите 100 дена, постојано, а потоа еден час во денот ќе одвојува да ги слуша проблемите на граѓаните.

Герасимовски ја запраша противкандидатката Котлар колку е информирана за општината, особено бројот на градинки и училишта.

-Не може кандидат за градоначалник да не знае колку училишта и градинки има. Кога се планира нешто треба да знаеме како го планираме и каде има можност да се гради. Во Центар има 3 градинки и 11 клонови, 2100 запишани деца, нудиме 50 посто намалување на цената и 50 посто кај децата во основно образование. Госпоѓата Котлар треба да го знае ДУП-от пред да ветува градинки и училишта. Ние планираме две градинки во Пролет, Маџир Маало и третата кај Партизан во Парк, не е коректно ВМРО-ДПМНЕ да нуди нешто без никаков план, како желботека, појасни Герасимовски.