Хуманоста никогаш не му била далечна или непозната.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и кандидат за пратеник и коносител во Изборната единица 3, Љупчо Николовски денеска ги израдува децата од Домот “11 Октомври”.
-Детската насмевка и детската радост не се заменливи со ништо на овој свет. А за дечињата од домот “11 Октомври” секогаш имам срце полно радост. Како и секоја година така и оваа решив сите годишни дневници да ги донирам токму за овие дечиња, на кои им требаат еднакви можности за раст, развој и среќа во животот. Со мојот мал придонес ќе им овозможам пролетен излет за велигденските и првомајските празници, порача Николовски и упати голема благодарност за честа и признанието што домот “11 Октомври” денеска му го додели.
– Да помагаме секогаш кога можеме, да бидеме хумани. Секое дете заслужува насмевка на лицето во убавите празнични денови, дециден е Николовски.