Во рамките на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието, каде свое обраќање имаше и францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, еврокомесарот Дејвид Гир истакна дека ги поддржува амбициите на Франција во однос на европскиот пат на Северна Македонија, а посочи дека е важно да се види како нашата држава ќе напредува и во иднина во реформскиот процес.

„Важно е, во исто време, да видиме напредок и со билатералното прашање со Бугарија и да видиме дека Северна Македонија продолжува да напредува со реформите на својот европски пат. Консолдирање на патот кон Европската Унија. Со новата Влада, со новиот премиер очекуваме продолжување на реформскиот пат со уште поголем жар, почитување и јакнење на владеењето на правото и борбата против корупција. Гледаме и во владејачките и во опозициските партии, да се обединат околу европските приоритети, како придобивка за сите. И уште еднаш – и ова тело и Комисијата за европски прашања, ќе имаат витална улога во хранење на консензуалната атмосфера и надминување на политичката поделеност. Дозволете да искажам и почитување за одличната и интензивна соработка која што ја имавме со Вицепремиерот за европски прашања, очекуваме продолжување на таква соработка со неговиот наследник, како што кажа и амбасадорот Бомгартнер – изјави Гир.

Дејвид Гир потсети на поддршката во сите реформи кои се спроведуваат и изрази задоволство од конференциите на комисиите за европски и надворешни прашања кои допрва треба да се случат во земјава, а кои ги најави францускиот амбасадор Бомгартнер.

„Европската Унија во однос на Северна Македонија со приоеритет гледа во однос на сите овие прашања, како Зелениот Договор, поддршка кон дигитализацијата и социо-економската поддршка на реформите кои што беа дадени во текот на пандемијата со ковид-19. Амбасадорот ја спомена и Конференцијата за иднината на Европа и Младинската Конференција. Ќе се продолжи со организирање на семинари кои ќе ги собираат младите од целата земја и ќе им дадат форум да ги споделат своите ставови за Европа и каква Европа сакаат да видат. Навистина сум возбуден што ги слушнав овие активности од мојот пријател за наредниве 6 месеци кои ќе бидат спроведени во сите делови од државата и навистина ми е задоволство што го слушнав тоа. Дозволете да ја поздравам и парламентарната димензија на претседателството на Франција која што подразбира 12 различни конференции на различни парламентарни комисии, почнувајќи од Комисии за европски прашања до Комисии за надворешни прашања. И навистина е позитивно што самото Собрание и Комисијата за европски прашања ќе бидат домаќини на ваква средба“,

додаде Гир.На крај, еврокомесарот и посака успех на земјата со француското претседателство, а истакна дека и во иднина очекува да се постигне напредок, кој ќе заврши со членство на Северна Македонија во ЕУ.

Во рамките на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието, свое обраќање имаше и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, кој порача дека иако тој заминува од Владата сепак „ќе остане тука за да продолжиме да туркаме напред кон заеднички успех“.