Одлична вест дека противпожарен авион заедно со логистичка поддршка обезбедена од Романија ќе слета наскоро во Скопје, објави на Твитер шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, амбадасорот Дејвид Гир.

– Оваа поддршка доаѓа преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој ја координира помошта од Австрија, Бугарија, Словенија и сега од Романија, а обезбедува и сателитска поддршка, наведе евроамабасадорот Гир.

Тој воедно во објавата им оддадава почит на, како што вели, „сите домашни и меѓународни пожарникари, како и локалните граѓани и вклучени служби, кои работат заедно за да ги стават пожарите под контрола“.