Ноќеска во 2 часот и 25 минути, Х.П од гостиварски Вруток во СВР Тетово пријавил дека еден час пред тоа во близина на гостиварското село Мирдита бил пресретнат од неколку лица, кои го извлекле од возилото и му ја соблекле облеката.
Според пријавеното, тие извршиле пребарување во неговото возило и заминале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.