СДСМ го заокружува караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината“ со голема национална трибина во Скопје.

В сабота, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 18.00 часот.

Ги покануваме сите граѓани, членови, симпатизери, активисти поддржувачи на СДСМ и прогресивните политики кои носат напредок и европска иднина да присуствуваат.

Заедно да ги заокружиме караванот трибини, порача денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Во изминатите 2 месеци, го посетивме секој град, село, секое населено место. Заедно реализиравме 78 трибини, ширум републиката.

Благодарни сме за поддршката од граѓаните и задоволни сме од посетеноста.

Масовната присутност на сите 78 реализирани трибини потврдија дека СДСМ ја води државата по вистинскиот пат.

Граѓаните не сакаат блокади, не сакаат деструкции туку бараат решенија, кои ние од СДСМ заедно со нив ги креираме и реализираме.

Ја покажавме разликата со деструктивното ВМРО-ДПМНЕ, ја покажавме нашата визија за иднината и го покажавме и резултатот од нашата работа во изминатите 10 месеци.

Масовноснота и енергијата на трибините потврдува дека СДСМ повторно е на победничките патеки, силна, мотивирана, државничка политичка партија која работи за граѓаните и државата.

Започнавме преговори со ЕУ, реализиравме два пакети антикризни мерки за помош на граѓаните и паралелно го спроведуваме процесот на реформи важен за европската иднина, но пред се, важен за граѓаните и државата.

Антикризните мерки ја спасија македонската економија, СДСМ успешно менаџира со последиците од глобалната енергетска и економска криза.

Од политичка неизвесност обезбедивме политичка стабилност и извесност.

Така и ќе продолжиме, СДСМ како најголемата, најсилна и државотворна партија е и ќе биде гарантот на европската иднина, нов економски раст и нова енергетска визија, рече Кузеска.