„Ги гледав коментарите кога за локалните проекти, кои се финансирани од Владата, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ потпишуваат договор со премиерот, а се заблагодаруваат на Мицкоски“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека дури и луѓето кои се симпатизери на опозициската партија на таквите објави на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ коментирале дека тоа е „тотално забегано“.

„ВМРО-ДПМНЕ е заробена партија. Можеби делумно успеавме да ја дезаробиме државата, но не и опозициската партија“ рече Коциќ.

Пратеникот додаде дека СДСМ се подговени се претседателските и парламетнарните избори и дека само проевропската политика е добра за земјата и децата, а секоја опструкција на тоа треба да замине во историјата.