Денес градоначалникот Сашко Митовски со претседателката на Советот на општина Крива Паланка Изабела Павловска, ја посетија малата Калина Стевановска, првото новороденче од општина Крива Паланка во новата 2022 година, која донесе неизмерна радост за семејството, сестричката и родителите Бранимир и Мартина.
-Нема поголема радост од среќата што ја носи новиот живот. Нека нејзиниот живот биде благословен со здравје, благосостојба и радост, порача тимот од општината.
Од оваа, 2022, година, секое новороденче од Крива Паланка ќе добие еднократен надоместок од општината во висина од 3.000 денари.
-Нека се благословени и среќни сите деца, велат од општина Крива Паланка.