На социјалните мрежи се огласи градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски откако од Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ Крушево го обвинија за непочитување на мерките.

-Пак неуспешно пробуваат да ја замајуваат јавноста, лажат, манипулираат и да се прават жртви на непостоечки настан.
Прво не е човечки и не е во ред да се мешаат и задираат во приватниот живот и интимата на било кого.Второ пред возилото што го сликале и зад него кое е мое приватно имаше возила паркирано, значи не било забрането.
Знам дека имате насоки да оцрнувате и обвинувате било кој функционер на локално и централно ниво, но за ова немате никаков основ.
И трето строго професионално почитувајќи ја физичката дистанца седев на летна бавча со уште едно лице на маса (вкупно двајца) во едно кафуле во Крушево следејќи ги протоколите не повеќе од 30 минути. – појасни Христоски.
Но видно револтиран забележувајќи како едно лице ме слика со апарат без причина, нарушувајќи го мојот приватен живот, јавно пред сите ја прашав дали е во ред и дали е човечки тоа што го прават, за да сега се прават жртви на вербален напад.Не ви поминува!Во непосредна близина имаше најмалку пет лица и функционери на ДПМНЕ кои исто отседнуваа без заштитни маски.
Граѓаните се тие што ценат и отценуваат, но и гледаат кој отседнува често по кафеани и кој не почитува протоколите, за што има соодветни пријави од МВР.
Ги известувам органите на редот доколку сум прекршил некои од препораките и протоколите спротивно Закон, веднаш да се преземат соодветни мерки, без разлика на функција или било што, затоа што сите сме исти пред законите. – порача градоначалникот на Крушево.