Даниела Груевска (32) од Скопје, вработена за првпат во животот во основното училиште „Марко Цепенков“ во Зелениково од 2015 година, дознала дека во 2011 година била донатор на тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ кога добила покана да сведочи во истрагата за случајот „Титаник“ во СЈО.
Таа е на списокот на стотици имиња кои никогаш не донирале по илјада и повеќе евра за оваа партија, а преку кои обвинетото злосторничко здружување на чело со избеганиот Никола Груевски перело пари за да прикаже легално финансирање на партијата. Стотици и стотици уплатници утврди обвинителството, биле пишувани со ист ракопис и најчесто на сума од 1.000 евра.
Повеќе на линкот: Сакам да кажам