Полицијата од Сплит, Хрватска, денеска му го предаде на надзорниот притвор 39-годишниот Бранимир Сушиќ, кој е обвинет за тешко убиство на неговата мајка, 60-годишната Долорес В.

Полицијата пријавила дека ја запалил мајка му и брутално ја убил.

Се се случило во неделата рано наутро во семејниот стан. Синот се скарал со својата мајка поради цигара која таа отишла да ја пуши во бањата. Жената била пронајдена со изгореници во кадата. Итната помош ја повикал синот, а наскоро пристигнала и полицијата, пишува порталот Далматински.

Глетката што ја нашле во бањата ги шокирала сите. Трагедијата се случила во стан на првиот кат.

“Никој не можеше да поверува што се случило. Жената живееше со овој син и со помалиот, кој лежеше во затвор од летото. Имаа проблеми со алкохолот и психата, полицијата често доаѓаше кај нив. Овој помладиот беше поагресивен отколку постариот син.“велат станарите.

Денес Сушиќ е изведен пред обвинител, а претходно ќе биде прегледан од психијатар за да се утврди дали да одговара.