Ние сакаме до мајскиот самит на ЕУ во Загреб да се постигне консензус меѓу сите земји членки за Северна Македонија да отвори преговори со Европската Унија, вели во интервју за Радио Слободна Европа хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ. Таа истакнува дека очекува позитивен исход за земјава до крајот на овој месец, за што, вели Тигањ, Хрватска како претседавач со ЕУ се ангажира.
-Комисијата всушност го повтори претходниот став дека и двете земји, и Северна Македонија и Албанија, заслужуваат отворање на преговорите. Знаеме каква беше одлуката во октомври минатата година. Секако дека очекуваме и веруваме во позитивен исход на тоа што треба да се случи на крајот на овој месец – истакна хрватската амбасадорка.