Скандалозни се најновите одлуки со кои Владата изврши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе кои немаат допирна точка со енергетиката, но се роднински поврзани со луѓе од Владата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Прв и најскандалозен избор е изборот на синот екс претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, за член на надзорниот одбор на МЕПСО. Тој е дипломиран политиколог и нема никаква допирна точка со она што ќе треба да го работи. “, рече Кузеска.
Со тоа што првиот братучед на Изет Меџити, Бурим Љатифи, е назначен за директор на МЕПСО, Кузеска вели дека има целосен непотизам и бара од институциите итно да реагираат.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со грубата партизација со целосно некомпетентни кадри на значајни позиции. Јавноста уште не може да поверува дека на замечничко министерско место во МВР има човек со фискултурно образование а сега во енергетиката се поставуваат политиколози“, рече Кузеска.
Според неа, ова се најлошите кадровски решенија на било која Влада во минатото и од овие луѓе може да се очекува само да и служат на партијата, никако на граѓаните.