Министерството за внатрешни работи информира дека утре (2.8.2024) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамките на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје, ќе работат на издавање готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).
Притоа во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 8 до 16 часот, а во државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 8 до 12 часот, соопшти МВР.