Денеска кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски одржа прес конференција во населбата Зелен рид. На прес конференцијата акцентот беше ставен на проектите кои се предвидени во програмата Најдоброто за Куманово за оваа населба.

„Тука на улицата “Мирче Ацев”, ќе изградиме две мултифункционални спортски игралишта, со најсовремени реквизити и услови за создавање на спортски успеси, како простор за секојдневна рекреација на граѓаните. Игралиштата ќе бидат изградени по сите светски стандарди за играње на мал фудбал, кошарка и ракомет, со можност за игра и во вечерните часови. За Куманово како спортски град, ваквите инвестиции се од големо значење за задржување на младите тука дома, обезбедуваме решенија кои ќе го негуваат и развиваат нивниот спортски дух„- рече Илиевски.