„Реконструкција на примарна водоводна мрежа од филтер станицата низ главните улици и населби ќе биде наш приоритет, а тоа го имаме и ставено во нашата програма. Ќе направиме системско решение за замена на водоводна и канализациона мрежа“, изјави кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски на телевизиска дебата на националниот сервис МРТВ.

Илиевски кажа дека проблемот со водоснабдување на Куманово е од филтер станицата до градот. Водостопанство, кумановско липковско поле на Водовод му испорачува доволни количини на вода, а старата мрежа и дефектите во примарната мрежа се главна причина за водоснабдувањето на граѓаните. Веќе разговаравме со министерот за транспорт и врски да аплицираме во министерството со проект за реконструкција на примарна водоводна мрежа“, кажа Илиевски на телевизиската дебата на МРТВ.