Оливер Илиевски и Максим Димитриевски развија дебата во „Клик Плус“ на ТВ21 околу училиштето „Сами Фрашери“.
Димитриевски претходно кажа дека еден од министрите за образование во изминатите години му кажал „кој си ти да ги решаваш проблемите на Албанците во Куманово“ за тоа училиште и дека немал добра соработка со министерството за образование.
На ова одговори Илиевски.

„Како може ние да имаме одлична соработка со сите министри, а само тој не може со ниту еден. Баш би сакал да знам кој е тој министер што кажал така и не сакал да го реши проблемот“, кажа Илиевски.
Димитриевски, му врати.
„Не го знаете проблемот, а ова е проблем на секои избори. Има испратено многу дописи до министерството за образование, и тоа може да се провери, и одговор и ден денеска нема“, рече Димитриевски.
Во дебатниот магазин гостува и кандидатот Беким Салиу од АА-ААА. Тој кажа дека овој проблем може да се реши, но дека оваа власт очигледно не сакала да го реши.