Кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата за Општина Кочани Николчо Илијев на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ истакна дека преку принципот за одговорно, транспарентно и отчетно работење, во оваа изборна трка СДСМ обезбеди огромна предност пред противникот!

„Реализираме капитални проекти што остануваат да говорат за нас, Кочани е шампион во финансиското работење, покажавме дека општината може да се води чесно и одговорно“, порача Илијев.

„За четири години изградивме нова детска градинка, во следните 4 градиме старечки дом! За 4 години во развојот на туризмот вложивме 3 милиони евра, во следните четири почнуваме да проектираме ски-центар на Царев Врв и адреналински парк на Осогово! Работиме – конечно да ги почувствувате и благодетите од нашето природно богатство – геотермалните води“, порача Илијев пред своите сограѓани.

Тој најави и нова коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“, катна гаража, нови простори за паркирање, сообраќаен мост на Кочанска Река, пешачки и велосипедски патеки.

Во врска со понудата на опозицијата Илијев истакна дека и во оваа кампања докажаа дека немаат свои идеи, па ветуваат проекти кои веќе се пред или се во фаза на реализација, а сите паметат што правеа тие цела деценија, нивното домаќинско работење значи – што помалку за граѓаните!

„И во наредниот мандат продолжуваме со решавање на проблемите од јавен интерес“, порача Илијев, додавајќи дека има јасен план за инвестиции во туризмот, концепт за одржлив развој, политика за рамномерен локален развој.

Тој нагласи дека се вложува подеднакво и во градот Кочани и во населените места – затоа што силни села се гаранција за силна општина, се работи на патни и комунални зафати, обезбедена е поддршка на земјоделството и на малите бизниси, редовно се испорачуваат социјалните услуги, се вложува во културата, спортот, здравјето, рекреацијата. Секој граѓанин ни е важен!

Мојата желба и визија е Кочани да биде најдоброто место за живеење, јас не умеам да работам поинаку. Ви ветувам само едно: ќе работам повеќе отколку што очекувате, порача кандидатот за градоначалник на Општина Кочани Николчо Илијев и ги повика сограѓаните на 17 октомври го дадат својот глас за бројот 12 да победи „Најдоброто“ за Кочани.