На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМЕ Зоран Илиоски. Тој кажа дека парламентарното мнозинство пак тера по старо и носи закони по скратена постапка. Дополнително Илиоски истакна дека ваквата цел на парламентарното мнозинство да носи закони по скратена постапка и со европско знаменце е да опозицијата има што помалку простор за дискусија односно да дискусијата биде сведена на минимум.
– Парламентарното мнозинство на заминување си продолжува со истиот тертип на работа како минатиот период а тоа е носење на закони по скратени постапки, носење на закони преку Комисијата за европски прашања се во интерес и намера да дискусиите од пратениците нарочито дискусиите од пратениците од опозицијата бидат сведени на минимум кажа Илиоски.
Пратеникот Илиоски го коментираше Законот за енергетска ефикасност е испратен на Комисија за европски прашања наместо да биде испратен на Комисија за економски прашања каде што се дискутира за економски теми.