Откако се дозна дека семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев подготвува хуманитарна донација од 5.500 пакети, јавноста почна да прави споредба со донациите на семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Од она што до денес се знае е дека семејството на Христијан Мицкоски има донирано 30.000 евра но во ВМРО-ДПМНЕ, партијата која има недвижен имот во милиони евра.
За разлика од нив, семејството на Зоран Заев, донира 135.000 евра во вид на пакети за најранливите категории на граѓани во овие тешки времиња кога сите сме погодени од коронавирусот.
Самиот Зоран Заев години наназад градоначалничката и премиерската плата ја даваше во хуманитарни цели.