Во Средното занаетчиско училиште „Петар Лековиќ“ ученикот Ј.А. (17) се обидел да си ги пресече вените.
За среќа, професорите спречиле тоа да се случи и момчето од превентивни причини само со гребнатинки било пренесено во надлежната здравствена установа. На терен излезе и полициска патрола.

Директорката на училиштето, откри што навистина се случило.

– На часот по српски јазик и литература, наставничката слушнала двајца ученици, момче и девојче како зборуваат за тоа како решение за сите нивни проблеми би било да си го одземат животот. Таа разговарала со нив и рече дека не треба така да размислуваат, дека проблемите може да се решаваат, полека, еден по еден и дека ќе им помогне во тоа. Часот продолжи нормално. Меѓутоа, на пауза помеѓу два часа, ученикот влегол во просторијата каде што седеле наставниците и почнал да крши шолји и чаши за кафе со намера да ги пресече вените со чашата. За среќа, наставниците го фатиле за рака и ја спречиле трагедијата, изјаави директорката.

Средното стручно училиште се занимава со професионална рехабилитација на ученици со пречки во развојот и учењето. Учениците се соочуваат со многу предизвици во развојот и учењето. Тешкотиите се многубројни – од интелектуална попреченост, церебрална парализа, инвалидитет, невролошки оштетувања, до нарушувања од спектарот на аутизам.

Училиштето е верификувано за многу професии. Посебно внимание се посветува на практичната настава која се одвива во училишните работилници и кај приватни работодавачи со кои училиштето има склучено договори и кои вработуваат ученици.