Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се повисоки за 1,6 проценти на месечно и за 18,5 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во февруари во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи се повисоки во групите Капитални производи за 0,2 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти.

Во февруари годинава во однос на февруари минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 33,2 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 22,1 процент, Капитални производи за 35,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,9 проценти.