Во ситуација каде што ние де факто имаме еден вид политичка економија, со оглед на фактот дека Владата или државата беше најголем работодавач, најголем доверител, за жал и најголем должник, не можеме да ги одвоиме политиката и економијата, вели во „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“, Игор Ивановски, универзитетскиот професор од Економскиот факултет.

-Договорот од Преспа кој што е предуслов за она што треба да следи, нашето официјално членство НАТО и почеток на преговори со ЕУ, се во директна колерација со една фундаментална претпоставка за предвидливост, стабилност, намалување на премијата за ризик, која што понатаму е основа за финансирањето, за рационалните економски очекувања. Она што е клучно е дека политичките токови и одлуки кои што се појавивја во изминативе три и пол години, исклучително позитивно влијаат и уште повеќе можат да влијаат на економските токови- вели Ивановски.

-Тоа треба да биде директно поврзано со намалувањето на каматните стапки на банките како основ за кредитирање на коорпоративниот сектор, бизнисот и особено на населението- заклучува Ивановски.

Клучната работа на овие избори, мета Ивановски, е да се понуди пакет на реална, остварлива, фокусирана и таргетирана програма врзана со кадровсски потенцијал кој што таа ќе ја спроведе.

-Мислам дека клучен момент е дека оваа политка која започна овие две и пол години треба да продолжи. На овие избори на Македонија не и требаат експерименти или дисконтинуитет, бидејќи премногу страдавме во овие изминати скоро три децении, на едни амплитуди каде добрите започнати работи се прекинуваат, а се започнува со некоја нова авантура- изјави за „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“, Игор Ивановски, универзитетскиот професор од Економскиот факултет.