За време на новогодишната ноќ имало три физички напади во Скопје, а едно лице со повреди од нож е хоспитализирано на Клиника.

Се работи за 20-годишник, кој во моментов е во стабилна здравствена состојба.

Во Ургентниот центар биле извршени 103 прегледи од кои три по сообраќајни незгоди.