„На првата Седница на Централниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), која се одржа денеска, беа избрани новите тела и органи на младината со мандат од две години.

За Генерален секретар е избран Гордан Шутаров од ЛК СДММ Карпош, за потпретседатели се избрани: Никола Јакимовски – ЛК Крива Паланка, Марија Иванова – ЛК Струмица, Ана Манасиева – ЛК Делчево, Александар Саша Димитријевиќ – ЛК Гази Баба.

Нови членови на ИО на СДММ се Марко Спирковски – ЛК Прилеп, Фросина Мантева – ЛК Радовиш, Иво Спасевски – ЛК Охрид, Блажена Пејовска – ЛК Кичево, Давид Вељковиќ – ЛК Куманово, Jулија Малахова Геровска – ЛК Центар, Дарко Димовски – ЛК Штип, Ана Трифуновска – ЛК Битола, Јана Ханџиска – ЛК Бутел, Орданчо Данев – ЛК Кавадарци, Евгенија Јанакиевска – ЛК Кисела Вода, Велимир Арсов – ЛК Велес, Магдалена Пенова – ЛК Валандово, Роберт Николоски – ЛК Гостивар и Далила Чекиќ – ЛК Ѓорче Петров.

Денеска се одржа и првата седница на ИО на СДММ, во просториите на партијата, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид 19.

СДММ се залага за родова рамноправност и во новиот состав на органите на младите на СДСМ има еднаков број на мажи и жени.

Спремни за новите предизвици, во следните две години ќе работиме активно на зајакнување на улогата на младите во рамки на СДСМ и ќе се бориме за реализирање на барањата и интересите на сите млади луѓе“, стои во соопштението.