Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва го претстави новото раководство на партијата. Како нови потпретседатели на партијата се избрани Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Фатмир Битиќи.

-Нов генерален секретар е Миле Зечевиќ, а нов организациски секретар е Вангел Андреески. Секретар за меѓународна политика е Бојан Маричиќ. Им честитам на сите и верувам во нивната чесна работа, рече Ковачевски во изјава за медиумите после состанокот на Централниот одбор на партијата.

Ковачевски ги објави и имињата во Извршниот одбор на СДСМ.

-Нови членови се Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниелка Колева, Милена Стевановиќ, Рената Јајоска, Костадин Костадинов, Милена Серафимовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Костадин Ацевски, информира Ковачевски и додаде дека директорката на УЈП, Сања Лукаревска ќе ја задржи досегашната функција во партијата, заменик-претседател.