На 23.07.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на наплатна станица Гостивар настанал пожар во патничко возило „пежо 307“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(27) од Република Турција, кое го изнајмил од рент- а –кар во Штип.

Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Гостивар и вработените од наплатната станица, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.