На 15.01.2022 во 04.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, пред с.Славеј, патничко возило „опел тигра”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Прилеп, излетало од патот.

Во несреќата сопатникот Х.Н.(20) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, а возачот со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.