Дваесет и осумгодишниот Џ.Ќ. од гостиварско село, вчера (25 декември) во 15 часот во СВР Тетово пријавил дека едно лице со кое електронски комуницирал и кое му се претставило дека е од Гостивар му ветило дека нему и на уште две други лица ќе им обезбеди документи за престој и работа во европска земја и дека за таа услуга му побарало и добило 8000 евра.

Но, по извесно време услугата не била извршена и тој сфатил дека е измамен. Полицијата извести дека се расчистува случајот.