Во 12.00 часот во Полициската станица Тетово, 55-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од Р.В.(38) од с.Желино, Тетовско.

Според пријавеното, тие пред нотар во Тетово склучиле договор пријавениот да му изврши градежни работи, а за возврат му било дадено патничко возило „фолксваген туарег” во вредност од 12.000 евра, а градежните работи чинеле 10.000 евра.

Како што е пријавено, во договорот стоело дека Р.В. не смее да го отуѓува возилото додека не ги изврши градежните работи, но тој ниту ги извршил градежните работи, а со помош на вработена кај нотарот го отуѓил возилото.

На 15.04.2021 во 20.00 часот во Полициската станица Драчево, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од К.Н. од Скопје.

Според пријавеното, на 13.04.2021 околу 17.30 часот во дворот од нејзината куќа дошол К.Н. и со нејзиниот сопруг се договориле за купопродажба на нивното патничко возило „бмв”, со скопски регистарски ознаки, по што К.Н. им дал одредена сума и без да склучи договор го зел возилото и си заминал, со цел да го донесе и останатиот дел од договорената сума, но не се вратил и одбивал да разговара.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.