Во тек на полицискиот час меѓу 7 и 8 април од страна на МВР е констатирано дека 16 лица не ја почитувале забраната за движење.

– Во текот на изминатото деноноќие (07/08.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 449 прекршоци, соопштија од полиција.

Од таму апелират до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесат за спречување на ширењето на Ковид-19.