АД ЕСМ на 30.11.2022 година произведе 11.842 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 5.637 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.205 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 4.580 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта и објекти од виталната инфраструктура во државата.