АД ЕСМ на 24.12.2022 година произведe 16.189 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 12.576 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.613 MWh.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.120 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 24.12.2022 година.