АД ЕСМ на 14.12.2022 година произведе 16.340 MWh електрична енергија, со што од домашно производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 11.576 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.764 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 850 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 14.12.2022 година.