Првиот ден по конститутивната седница на Законодавниот дом, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Зоран Заев, официјално ќе ги започне преговорите за ново парламентарно мнозинство кое според партиски извори значително ќе се разликува од составот и застапеноста во Извршната власт.

Засега се знае дека ДУИ и Беса одржаа разговори за меѓусебна соработка но и дека Алтернатива која се формираше од расцепот на Беса ќе остане дел од владината коалиција. Со тоа Заев има 65 пратенички мандати за стабилно парламентарно мнозинство и формирање Влада за која нема потреба да се чека септември.

Она што е неизвесно е дали поддршката која Алијанса за Албанците и Мендух Тачи од ДПА ќе ја дадат во Законодавниот дом на име гласање ќе се манифестира и со активна партиципација во Извршната власт. Заев денес за таа цел ќе има разговор со претседателот на ДПА со што ќе се знае дали неговиот пратенички глас ќе е само формална поддршка или владино коалицирање.

Од страна на осумте пратеници на Алијанса за Албанците се очекува неизвесност која ќе се реши во текот на оваа недела. Иако официјално не сакаат коалиција со ДУИ во Извршната власт сосема е извесно дека ако Алтернатива реши да остане во Влада дека Зијадин Села нема да изостане. Со тоа Заев на самиот старт би имал поддршка за парламентарно мнозинство од 74 пратенички мандати со што преговори би се воделе денес со ДПА и деновиве со Алијанса за нивно евентуално учество и формално во Владата на Северна Македонија.

ВМРО – ДПМНЕ со Левица остануваат во опозиција со отворена најава дека сите пет пратеници или дел од нив од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ би можеле своеволно да преминат како независни во новото парламентарно мнозинство на СДСМ и албанските партии иако тоа претседателот Христијан Мицкоски го отфрли а потоа претстави како купување пратенички гласови, сосема со идентична реторика како претседателот на Левица Димитар Апасиев кој отворено понуди коалиција на ВМРО – ДПМНЕ со своите 2 пратеници.

По ова неизвесно е само дали Мицкоски ќе го одржи зборот кој упорно го пролонгира и ќе поднесе оставка од функцијата ако не формира Влада иако истото го вети ако не успее на победи на изборите што беше релативизирано и повлечено како даден збор.

Извор: Насловна