Ненад Јовановиќ, аналитичар и колумнист, во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија, со став дека само инклузивна и интегративна опција може да биде власт во државата, а национализмот нема да даде поволни резултати ниту за граѓаните, ниту за државата.
“Ако нема јасни гласови, јасни политики и јасна цел конечниот резултат е омраза и насилство. Си добрососедскиот договор со Бугарија ние даваме до знаење дека земјава се движи кон Европа, а Европа од нас бара да покажеме дека знаеме да ги решаваме сите билатерални спорови како почетен предуслов за влез во ЕУ. Никаква историја не е избришана, бидејќи историјата не може да се избрише.
Оваа Влада ги сруши предрасудите, со целиот ризик тоа да донесе штета на нивниот рејтинг, а исто како претходните можеше да го вози стариот филм и да рече имаме тврд став кон името, не го менуваме и така ќе си добиеше реално власт и ништо немаше да се реши. А Европа вели ако не можеш да решиш билатерлни спорови, како ќе решаваш утре покрупни спорови кога ќе влезеш во ЕУ? Ние сме Македонци и во Устав и во билатералниот спор со Преспа сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Ние така се чувствуваме и тоа не може да се промени. Национализмот и таквите дискурси кои постојано гледаат во комшиите и приијателите, играат политика дека постојано некој ги загрозува, до вчера беа Грците, па денес се Бугарите, па утре ќе бидат Албанците. Ако сакате да дојдете на власт не може да играте неинтегративна политика, напротив мора да сте интегративни. Ако исклучувате нема власт!” – истакна Јовановиќ.